„Светот се дави во сопствениот отпад, поточно електронскиот отпад. Цената на технолошката револуција доаѓа и во форма за која многу малку се зборува, а тоа е сметот. А неговата лавина се заканува сите да не затрупа“, известува телевизијта „Ал Џазира Балканс“.
Само во текот на минатата година, на депониите завршиле речиси 42 милиони тони таканаречен е-отпад, што главно го сочинуваат фрижидери, машини за перење облека и други апарати за домаќинство со изминат рок на траење.
Станува збор за 1.150.000 големи камиони, што, кога би ги наредиле еден зад друг, ќе формираат колона од 23.000 километри.
Според истражувањето на Обединетите нации, само малку помалку од шестина од овој отпад се рециклира.
Во споредба со 2013 година, кога беа генерирани 39,8 милиони тони е-отпад, со ова темпо прагот од 50 милиони ќе може да се достигне до 2018 година.
На листата на најголеми глобални создавачи на е-смет е Норвешка со 28,4 килограми по глава на жител.
Следат Швајцарија, Исланд, Данска, Велика Британија, Холандија, Шведска, Франција, САД и Австрија.
Регион со најмалку електронски отпад по жител е Африка, каде што има само 1,7 килограм по жител. Таму целиот континент генерира помалку од два милиона тона отпад.
Во контекст на количеството, најмноги ваков вид отпад настанува во Кина и САД, вкупно 32 отсто од електронскиот одпад во целиот свет. Потоа се Јапонија, Германија и Индија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст