Петнаесетгодишно девојче вчера го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи на локален пат во близина на селото Градец.
Несреќата се случила откако 14-годишното момче, кое го управувало возилото БМВ со италијански регистарски таблички, загубило контрола над воланот, по што автомобилот излетал од коловозот, се превртел и паднал во канал за наводнување. Во возилото се возеле шест малолетници.
Во незгодата, 15-годишната сопатничка починала на местото на настанот, а другата сопатничка на возраст од 14 години се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош е пренесена во Ургентен центар во Скопје каде што е задржана за понатамошно лекување.
Другите три лица што биле во возилото, на возраст од 15 години, како и малолетникот што го управувал возилото се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар.
Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



