Во Киев денеска се одржува самит ЕУ-Украина, а украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека од врвот на Унијата ќе побара да распореди мировни трупи на истокот на земјата, јави „Танјуг“.
– Тоа ќе биде моќен сигнал за поддршка на Украина и нејзините европски интеграции – порача Порошенко во сопштението за медиумите пред состанокот со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск.
Во Брисел, според аналитичарите во моментов нема многу волја да се исполни ова барање и Унијата на денешниот Самит, пред се, ќе инсистира Киев да ги спроведе неопходните економски и уставни реформи.
Денешниот Самит е прв откако Украина минатата година ја потпиша Спогодбата за стабилизација и за асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


