Самиот почеток на оваа недела ќе го одбележи топло и претежно сончево време. Според Метеопро мало наоблачување се очекува попладне, а услови за краткотраен дожд ќе има во повисоките предели низ земјата. Максималната температура во понеделник ќе забележи вредности околу 22°С во поголем дел од земјата, додека малку потопло ќе биде во јужниот вардарски тек, каде што максималната ќе достигне околу 26°С.
Во вторник се очекува пад на температурата, но се работи за пад околу 3 до 4 степени во однос на понеделник. Ќе биде пооблачно и поветровито. Низ земјата, особено попладне и вечер, се очекува повремен дожд.
Среда ќе биде пооблачна наутро. Во овој дел од денот се очекуваат слаби врнежи кои ќе бидат позастапени во источниот крај. Остатокот од денот ќе помине во променлива облачност со сончеви периоди.
„Чисто“ време не се очекува ниту в четврток. И во овој ден се очекува умерена облачност која локално во текот на попладнето ќе биде позначителна и ќе донесе врнежи.
Петок ќе помине во релативно сончево време. Максималната темпераура ќе има вредности околу 20°С, а во југоисточниот крај околу 24°С.
За време на викендот се очекува мал пад на температурата. Но, овој температуран пад в сабота ќе трае само еден ден. Веќе в недела повторно се очекува пораст на температурата.
Подетална прогноза на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


