Еден американски таблоид ја донесува приказната за наводната ќерка на принцот Чарлс и покојната британска принцеза леди Дијана, чиешто постоење со години било криено. Додека цела Британија се тресе од возбуда поради доаѓањето на новото кралско бебе на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, кое може да дојде на свет во секој момент, американскиот таблоид „Глоуб“ се појави со неверојатна приказна за британското кралско семејство.
Како што пренесува „Дејли меил“, а според пишувањето на споментатиот таблоид, принцот Вилијам не е прво дете на принцот Чарлс и на покојната леди Дијана, наводно принцовите Вилијам и Хари имаат постара сестра, 33-годишната Сара која денес живее во гратче во Нова Англија во САД.
Приказната е уште поневеројатна со оглед на фактот дека принцот Вилијам е роден само 11 месеци по венчавката на неговите родители. Но, американскиот таблоид и за тоа има решение. Во ноември 1980 година, кралицата Елизабета Втора (89) наводно ѝ наредила на тогаш 19-годишната Дијана да се подложи на тестови за плодност пред таа да се сврши со принцот Чарлс (66). Како што тврди таблоидот, во текот на тие тестирања, јајце-клетките на Дијана тогаш биле оплодени со спермата на принцот Чарлс.
Еден од докторите, кој бил задолжен за тоа оплодување, сочувал еден од ембрионите и го всадил во матката на својата сопруга. Неговата сопруга не била свесна дека станала сурогат-мајка на вистинската престолонаследничка на британската круна.
Оваа приказна на американскиот таблоид добро ја забавува британската јавност, а мора да се признае дека избрале совршен момент бидејќи во Велика Британија во моментот „жешка тема“ е кралското семејство и раѓањето на второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



