| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Македонци одат понатаму, третиот сѐ уште на жешкото столче

Вчеравечер беше прикажан првиот дел од втората фаза на „Икс-фактор“ – регрутниот камп, во кој судиите веќе станаа ментори и секој доби свој тим.

Жељко Јоксимовиќ ќе биде задолжен за групата девојки, Александра Ковач, пак, за момчињата. На Тончи Хулиќ му припаднаа групите, а Масимо Савиќ ќе работи со постарите од 27 години.

Според новото правило, секој ментор доби шест столчиња кои требаше да ги пополни со кандидатите со кои ќе сака да работи понатаму. Тешка задача да одберат само половина од својот тим кои ќе продолжат понатаму вчера имаа Ковач и Савиќ.

Во групата на единствената менторка, двајца Македонци обезбедија место во понатамошното натпреварување, охриѓанецот Бобан Мојсоски и скопјанецот Давид Темлков.

Од Масимо Савиќ се чека одлуката дали и Алмир Исмаили од Скопје ќе продолжи натаму. Во моментот тој има обезбедено столче, но доколку менторот се одлучи да ја задржи и последната натпреварувачка која настапи, некој од веќе одбраните натпреварувачи ќе оди дома, па можно е тоа да биде и Исмаили.

Исходот ќе биде прикажан во следната епизода, в понеделник, кога и Јоксимовиќ и Хулиќ ќе го прават својот избор на кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top