Балтимор за време на викендот беше арена на насилни протести откако во притвор почина млад Црнец, пренесе ДПА.
Фреди Греј (25) бил приведен на 12 април. На 19 април тој почина во болница откако западнал во кома. Аутопсијата покажала дека смртта настапила како последица на повреда на мозокот.
Овој град во американската сојузна држава Мерилнед во саботата беше арена на мирни протести, кои во текот на вечерта и во неделата утрото преминаа во судири меѓу мали групи демонстранти и полицијата. Вандалите притоа искршија прозорци и предизвикаа штети врз полициски автомобили.
Во судирите се уаспени 34 лица, а шестмина полицајци се повредени.
Градоначалникот на Балтимор, Стефани Ролингс-Блејк, ги повика луѓето да го почитуваат редот и мирот.
Ова е најновиот случај во последните неколку месеци на смртта на еден афроамериканец од рацете на американската полиција. Неколку убиства на црнци од страна на полицајците предизвикаа бран од протести низ земјата.
Според балтиморската полиција, Греј бил приведен откако почнал да бега кога забележал полицајци. Потоа тој бил ставен во притвор под обвинение за поседување оружје. На видеоснимка се гледа дека момчето не може да се стои на нозете додека го качуваат во полицискиот автомобил.
Министерството за правда на САД почнало истрага на околностите кои довеле до смртта на Греј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија