Со почеток од 12 часот утре во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи авторска средба со писателот Дејан Трајкоски, по повод неговиот нов роман „Неверство“, кој предизвика особено внимание кај читателите и критиката. За делото во ДПМ ќе разговараат авторот Дејан Трајкоски и писателот Александар Прокопиев, а сердбата ќе ја води Александра Велинова.
Со романот „Неверство“, Дејан Трајкоски беше во најтесен избор за наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2014 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. За ова дело Венко Андоновски, меѓу другото, пишува: „Исклучително елегантно напишан роман. Сè на сè, романот на Трајкоски најавува целосно зрел прозен автор, кој за мене е исклучително пријатно изненадување. И исклучителна појава во нашата книжевност затоа што не се задоволува со традицијата, но не ја ни отфрла: бара нова форма и веќе е зад прагот на нејзиното откривање“.
Дејан Трајкоски е дипломиран професор по филозофија. Автор на романот „Вистина, љубов“ (2012) и „Неверство“ (2014). Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Идеен автор и директор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Од 2005 година работи како новинар во дневниот весник „Вечер“. Член е на Интернационалната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Од 2015 година е селектор на програмата „Нов европски филм“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст