| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарот Зоран Димитровски побара оставка од Жерновски

zoran-dimitrovski

Новинарот Зоран Димитровски – Жоро од неделникот „Фокус“ кој важи за близок на опозицискиот СДСМ, преку својот профил на социјалната мрежа „фејсбук“ побара оставка од градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

zhoro_thumb_medium500_188

„Жерновски да си поднесе оставка! Тоа е најмалку што може да го направи во моментов!“ напиша Димитровски.

Подоле во коментарите Димитровски допишува дека Жерновски ѝ нанел штета на опозицијата и дека е јасна волјата на граѓаните.

„Жерновски треба да сноси одговорност зашто сметам дека и нанесе штета на опозицијата“ додава Димитровски.

Референдумското прашање на Жерновски за зачувување на изгледот на ГТЦ доживеа огромен неуспех, дури 60 отсто од граѓаните не ја поддржаа иницијативата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top