| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук во Непал активираше опција за проверка дали корисниците се на сигурно место

земјотрес-Непал

Фејсбук одлучи на своите корисници кои моментно се наоѓаат во Непал, да им ја понуди апликацијата „Сејфти чек“ со која ќе знаат дали се наоѓаат на сигурно место. Целта на оваа апликација е да ги информира членовите на семејството и пријателите дали корисникот се наоѓа на сигурно место во случај на природна катастрофа.

– Кога ќе дојде со катастрофа, луѓето треба да знаат дали нивните најмили се на сигурно. Во овие моменти е многу важно да бидат поврзани – напиша на „фејсбук“ неговиот основач Марк Цукерберг.

Оваа апликација се оактивна секогаш кога лицето кое се пријавува на „фејсбук“ се наоѓа во зоната на потреси.

Како што пренесуваат медиумите, апилкацијта им поставува прашање на корисниците „Дали сте на сигурно?“, и корисникот има опција да одговори каде е.

Оваа апликција првпат беше претставена минатата година. Таа е развиена во 2011 година по цунамито, земјотресот и експлозијата на нуклеарната централа во Фукушима, Јапонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top