„Народот е во право и кога греши” – гласеше фамозната изјава на Бранко Црвенковски со која ги навреди и омаловажи граѓаните. И оваа навреда се повторува. По дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар за изгледот на ГТЦ опозицијата повторно го обвинува народот.
Геровски во својата колумна ја критикива опозицијата дека била неспособна да изработи успешен референдум. Но не пропушти повторно да ги обвини и граѓаните. Според Ѓеровски граѓаните го предадоа ГТЦ.
– На крајот, за жал, мора да ја спомнам најголемата, фатална последица од она што се случи денеска. Неуспешниот референдум ја легитимира намерата на власта ГТЦ да го окова во барок. Резултатот значи дека центарци не се доминантно определени да се сочува автентичниот изглед на ГТЦ. Со други зборови, Груевски науми да го упропасти, но ние го предадовме ГТЦ. Да биде јасно! – напиша Геровски.
Се чини тој одбива да ја почитува волја на граѓаните. Пракса е на опозицијата секогаш кога народот нема да се согласи со нив да го прогласат за глупав, наивен…
Очигледни опозицијата никако да ја научи лекцијата дека вината за поразите кои ги доживува во низа не е ниту во народот, ниту во позицијата. Време е од овој единаесети пораз во низа да сфатата дека не треба вината да ја бараат во народот туку само во нивните редови кои промовираат деструктивна политика, нелегални методи и никогаш не предложиле програма и проекти од кои корист ќе има народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст