| четврток, 6 декември 2018 |

Мнозинството центарци против деструктивноста на Жерновски и Заев, референдумот не успеа

gtc

И покрај тоа што референдумот за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ кој го организираа СДСМ и Андреј Жерновски немаше правна базираност затоа што ГТЦ не припаѓа само на граѓаните на општина Центар, туку на граѓаните на Град Скопје, сепак референдумот не успеа.

Излезноста на граѓаните е околу 40 отсто го прави референдумот неуспешен. Мнозинството граѓани не го поддржа ставот на Жерновски и на СДСМ. СДСМ и Жерновски доживеаја тежок пораз и покрај жестоките притисоци кон центарци, заканите, насилството кое го применуваа, и покрај огромните пари за финансирање од соросовата фондација на нивните новинари, медиуми и невладини организации.
Граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев, Жерновски, Милчин, Шеќеринска и тесниот круг на луѓе околу нив.
ВМРО-ДПМНЕ не ги повика граѓаните ниту да излезат на референдумот, ниту да не излезат, ниту пак сугерираше дали да се гласа за или против референдумското
прашање и учествуваше на истиот административно согласно законот. Остави граѓаните сами да ја донесат одлуката.
Граѓаните решија. Вистински дебакл на опозицијата. И покрај силењето опозицијата, СДСМ, ЛПД и „Сорос“ дозивеаја 11 пораз во низа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top