Македонскиот амбасадор при Советот на Европа, Петар Поп-Арсов на покана од францускиот претседател Франсоа Оланд денеска учествуваше на меѓународната комеморација по повод 70-годишнината од ослободувањето на поранешниот концентрационен логор Нацвилер во Струтхоф, во близина на Стразбур
На комеморацијата учествуваа претставници од европските институции како премиерот на Латвија, Лаимдота Страујума, во својство на претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, генералниот секретар на Советот на Европа ТорбјорнвЈагланд, претставници од повеќе европски земји, дипломатскиот кор и од јавниот и политичкиот живот на ранција и Алзас.
Во присуство на преживеани затвореници на кампот, беше положено цвеќе и венци на споменикот на паднатите жртви, а беше откриена и спомен плоча во знак на сеќавање на жртвите.
Во логорот, кој е сега претворен во музеј, беа евоцирани спомени на протерувањето на француските Евреи во нацистичките логори и упатени пораки за мир, европско помирување и за заштита на човековите права и достоинство, особено во услови на заканите на меѓународниот тероризам.
На амбасадорот Поп-Арсов, како официјален претставник на Република Македонија, му беше упатена благодарност за солидарноста и поддршката на македонскиот народ во чествувањето на годишнината на ослободувањето на кампот.
Ова беше единствениот концентрационен логор кој нацистичка Германија го имаше отворено во Франција. Негова карактеристика е што во него покрај другите депортирани беа затворени и убивани политички затвореници од скоро 30-тина европски земји, а во логорот се вршеа и медицински експерименти врз затворениците од страна на нацистичкииот режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



