| четврток, 6 декември 2018 |

Бартомеу: Сакам Гвардиола да го дочекаме како што заслужува

Pep-Gvardiola
Претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу се надева дека тренерот Пеп Гвардиола срдечно ќе биде дочекан на „Камп Ноу“, следниот месец, кога ќе гостува со својот Баерн.
Гвардиола по три години се враќа на местото каде го оставри својот најголем успех и како играч и како тренер.
– Сите учесници во полуфиналето на Лигата на шампионите се многу силни. Баерн добро го знаеме. Пеп е човек од нашата куќа. Се надевам дека навивачите ќе го пречекаат како што заслужува, изјави Бартомеу.
Тој очекува Каталонците да ја задржат предноста во Примера и да го освојат трофејот.
 
– Моментално размислуваме само за Примера. Следниот натпревар ни е со Хетафе, тоа е единственото нешто што ни интересира. Ние треба да ја задржиме предноста во однос на Реал, истакна првиот човек на Барселона. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top