
Во претрес на повеќе напуштени куќи во околината на Гошинце било пронајдено оружјето и муницијата што беа украдени во нападот на караулата во Гошинце. МВР рано утринава започна голема полициска акција во околината на Гошинце. Тие најавуваат повеќе детали од акцијата за подоцна.
Нападот на караулата се случи во вторникот околу 02.30 часот. Според информациите на МВР, група од 40-тина лица ги заробија четворицата полициски службеници кои биле дежурни. За среќа, во нападот никој не беше повреден. Тие по половина час заробеништво беа ослободени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


