| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста во охридскиот регион за осум години намалена за над 7 700

mladilica-vrabotuvanje

Една од  клучните цели на оваа Влада, според премиерот Никола Груевски, е намалувањето на невработеноста. Тој на денешниот голем народен собир во Охрид нагласи дека во овој регион бројот на невработени во 2007 изнесувал 29 610 лица, а оваа година тој број е намален и изнесува 21 872 лица.

Од 2007 година до сега во Охрид и регионот имаме забележано намалување на невработеноста  за  8000 лица од 29 000 на 21 000, при то само со активните мерки за вработување се вработија 1500 лица. Со проектот за отпис на долгови досега се отпишани долгови во висина од 10 милиони денари на 300 семејства. Проектот за бесплатна бања досега го искористија 2600 пензионери, од кој само оваа година 400, а со проектот за бесплатен туристички викенд се опфатени над 200 пензионери – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top