| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот на Сирија ја понижи Анџелина Џоли пред цел свет

angellina

Анџелина Џоли ги замоли светските политичари да помогнат во решавањето на конфликтот во Сирија, а амбасадорот на Сирија Басад Џафари ја понижи пред целиот свет.

Актерката го изнесе својот став пред Обединетите нации, а дипломатот даде потсмешлив коментар.

– Не можеме да ја гледаме Сирија и злото, кое произлезе од неодлучноста и не можеме да не кажеме дека ова е најниска точка, на која спадна светот во однос на помагањето на невините. Мака ми е да гледам како илјадници невини бегалци се дават на прагот на најбогатиот континент. Никој не ги ризикува својот живот и животот на своите деца без силна причина, рече Анџелина.

По нејзиниот говор се огласи амбасадорот на Сирија, Џафари, кој на прашањето што мисли за тоа што го кажала актерката одговори: „Таа е убава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top