| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Камерун ни сам не знае за кој клуб навива

kamerun
Британскиот премиер Дејвид Камерун е предмет на исмевање по разни форуми и фејсбук групи на интернет, откако во една телевизиска емисија, го згреши името на клубот за кој што навива.

Дејвид Камерун познато е дека навива за лондонскиот клуб Вест Хем, но тој наместо Вест Хем рече Астон Вила, клуб кој што своевремено го водел неговиот чичко.

„Не знам што ми се случи, денес имав многу обврски“, изјави британскиот премиер, две недели пред парламентарните избори во Британија.

Таа „дупка“ во меморијата на Камерун предизвика бројни коментари на друштвените мрежи, каде буквално беше исмеван премиерот поради грешката која ја направи. Интересен коментар имаше и поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија, Гери Линекер, кој што сега е еден од најпознатите британски коментатори.

„Камерон заборави за кого навива, минатата недела за Астон Вила, оваа за Вест Хем, следната можеби за Барнли?“, напиша Линекер на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top