Иако имаат остварено феноменални актерски кариери, минатото на овие ѕвезди е проткајано со настани кои ги обележале за цел живот, а секако не по добро…
Таткото на Вуди Харлсон бил платен убиец
– Имав 11 или 12 години кога на радио го слушнав татко ми. Во кола ја чекав помошничката на мајка ми, која секој ден ме собираше од училиште. Зборуваа за Чарлс Харлсон и за некакво судење за убиство. Си помислив дека е невозможно да постојат двајца Чарлса Харлсона. Тоа беше татко ми, објасни Харлсон за Гаријан во 2012 година.
Пет години претходно неговиот татко умре во затвор. Чарлс Харлсон во 1973 беше осуден на 15 години затвор поради убиството на Сем Дегли, трговец со жито. По пет години е пуштен поради примерно однесување. Во 1981 осуден е на две доживотни казни поради убство на судијата Џон Вуд. Тоа е првото убиство на судија во САД во 20 век. Претходно, неколкупати Харлсон тврдел дека го убил и Кенеди.
Шарлиз Терон гледала додека мајка ѝ го убивала татко ѝ
Детството на прекрасната Шарлиз било испреплетено со тешки трауми. Со мајка си, Герда Мариц, живееле со татко кој постојано ги злоупотребувал. Кога имала 15 години присуствувала на тепачката во која мајка ѝ го застрелала татко ѝ во самоодбрана.
Таа вечер Чарлс Терон дошол дома многу пијан. Ја зел пушката и почнал да пука по улица и по дома и да им се заканува на Шарлиз и на мајка ѝ дека ќе ги убие. За несреќа (за кого како), мајка ѝ ги зела работите во свои раце.
– Мајка ми е неверојатна. Знам дека секое дете ќе го каже тоа за својата мајка, но таа е единствена. Неколку пати буквално ми го спасила животот, раскажала Шарлиз години подоцна.
За стравичниот инцидент Шарлиз јавно проговори неколку пати, во интервјуата кај Опра и кај Пирс Морган.
Метју Бродерик во сообраќајна незгода уби мајка и ќерка
На годишен одмор во август 1987 година познатиот актер беше во Северна Ирска со тогашната девојка Џенифер Греј. Незгодата се случила кога неговото БМВ завршило во спротивната лента, а во судирот загинале двете лица кои биле во автомобилот кој доаѓал од спротивната страна. На самото место трагично завршиле Маргарет Доерти (63) и нејзината ќерка Ана (28).
Бродерик заврши со неколку тешки повреди, а подоцна тврдешедека не се сеќава како дошло до несреќата. Прво е осуден на пет години затвор, но на крајот е обвинет за безобразно возење и на само 175 долари казна. Никогаш не поминал ни ден во затвор.
Шон Пен ја силуваше и ја претепа Мадона
Славниот актер, кој периодов е во врска токму со Шарлиз Терон, 1985 година беше во брак со Мадона. Во првите денови од бракот таа за него изјавуваше дека е „најјака фаца на цел свет“, но подоцна, сигурни сме, драстично го смени мислењето.
Во средината на осумдесеттите Пен беше славен по физичките напади на папараците. Пукаше на нив, ги маваше со камења, им ја кршеше опремата, а еден и ќе го фрлеше од балкон. За жал, ништо подобро не помина и Мадона. Кога начул за наводната афера со Ворен Бјути, Пен се напил, влегол во домот на Мадона, ја врзал за масичка и девет часа ја малтретирал и психички и физички.
Подоцна Мадона признала дека Пен ја силувал, но ја отфрлила тужбата против него за да не генерира дополнително медиумско внимание.
Марк Веберг бил закоравен расист и насилник

Велберг, односно Марки Марк, денеска е едно од најомилените холивудски лица. Пред да стане омилено лице раперот бил модел за долна облека и – хулиган. На 13 години станал зависник од кокаин, а во целиот живот е апсен дваесетина пати. На 16 години претепал Виетнамец, а наводно на еден и му извадил око. Но, жртвата подоцна признала дека на тоа око ослепела уште во Виетнамската војна.
Иако е осуден за обид за убиство, Марк во затвор поминал само 45 дена. Неколку години подоцна на еден човек му ја скршил вилицата, исто така од расистички побуди. Во подоцнежните интервјуа неколку пати се осврнал на своето минато и покажал каење за тоа што повредил многу луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст







