
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска најавил дека Берлин се подготвува за можен банкрот на Грција, правејќи паралела со тајноста на германските планови за повторно обединување во 1989 година.
На Шојбле на прес-конференција по состанокот со министрите за финансии на земјите од еврозоната му било поставено прашањето дали министрите работат на „план Б“, доколку преговорите со Атина за пакетот финансиска помош доживеат неуспех.
– Не треба да ги прашувате одговорните политичари за алтернативите, рече Шојбле и наведе дека само треба да се употреби фантазијата за да се замисли што би можело да се случи., изјавил тој.
Шојбле навестил дека неговиот евентуален потврден одговор дека министрите работат на „план Б“ може да предизвика паника.
За да го појасни својот став тој направи паралела со тајноста, која била неопходна за време на првата фаза од планираното повторно обединување на Германија во 1989 година.
– Доколку тогаш одговорниот министер, а јас бев еден од нив, кажеше однапред, имаме план за обединување, тогаш веројано целиот свет ќе речеше: „Германците целосно полуделе“, додал Шојбле.
На состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната Грција била остро критикувана поради одолговлекувањето со реформите, кои треба да овозможат продолжување на финансиската помош на меѓународните кредитори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


