| четврток, 6 декември 2018 |

„Дејвид Томас Медикл“ влегува во Македонија

invest

Британската компанија од областа на медицинската индустрија ќе инвестира во Македонија. Ова денеска го најави Никола Груевски, премиерот на Македонија на народниот собир во Охрид

– Компанијата „Дејвид Томас Медикл“ веќе донесе и објави на својата веб страна одлука за инвестиција во Република Македонија со веќе постоечка македонска компанија „Софтек плус“ во капацитети во Скопје кои предвидуваат производство на помошни медицински производи и вработување на почетокот на 50 високообразовани инжињери – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top