| четврток, 6 декември 2018 |

САД до ЕУ: Дозволете им на сите да увезуваат ГМО

GMO1САД го критикуваше планот на Европската унија да им овозможи на земјите-членки да го ограничат увозот на ГМО култури, дури и ако ЕУ ја одобри нивната употреба.

Американски претставници изразија надеж дека ЕУ во врска со ова прашање ќе донесе одлука со која ќе се почитуваат со децении старите американски трговски правила.

Од ЕУ наведуваат дека нивниот предлог е во рамките со нивните меѓународни обврски и не го загрозуваат нивниот однос со САД.

Мајкл Фроман, претставник на САД во преговорите, посочи дека САД се разочарани со предлогот на ЕУ, 28 земји-членки сами да одлучуваат дали ќе дозволат увоз на ГМО храна, сточна храна и останати производи.

Според постојните правила, ако се утврди дека ГМО е безбедна за човечка исхрана, Европската комисија мора да се сложи дека увозот и одгледувањето на ГМО е дозволено и нема ограничувања од ЕУ.

Во Европа се одгледува само една ГМО култура и тоа пченката на Монсанто MON810 во пет држави членки и тоа најмногу во Шпанија и Португалија.  ЕУ секоја година увезува повеќе од 36 милиони тони генетски модифицираносоино брашно и соја за исхрана на стока. Унијата произведува само 1,4 милиони тони соја годишно, која не е ГМО, бидејќи таквата не е одобрена за одгледување во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top