Со цел да им помогнеме на компаниите, на македонските стопанственици, малите бизниси, земјоделците, трговците и на сите самовработени лица, ќе воведеме законска можност за плаќање на неплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување на рати, најмногу до 24 месеци, и ќе воведеме законска можност за ослободување од камата доколку се платат заостанатите придонеси за пензиско и инвалидско осигурување – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Тој најави дека се предвидени значителни олеснувања во две ситуации.
– На оние што имаат долг по основ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во период до крајот на 2008 година, ќе им овозможиме да го платат долгот на рати и тоа на најмногу до 24 месеци во зависност од висината на долгот , а исто така ќе бидат и целосно ослободени од плаќање на камата за неплатените придонеси до крајот на 2008 година. Ова е значајно ослободување и компаниите знаат што значи тоа, рече премиерот.
Второто олеснување пак се однесува а неплатени придонеси од пензиско и инвалидско осигурување во периодот од 01.01.2009 до 31.12. 2014.
–Доколку пак некој има долг по основ на неплатени придонеси од пензиско и инвалидско осигурување во периодот од 2009 година до крајот на 2014, со закон ќе овозможиме да го плати главниот долг, долгот по основ на неплатени придонеси од пензиско осигурување на 12 или на 24 месечни рати. При што ако го плати на 12 рати во период од 12 месеци ќе биде ослободен од 70% од каматата, а пак доколку го плати долгот на 24 рати ќе биде ослободен од плаќање на 50% од каматата. Со обзир дека од 2009 година имаме интегрирана наплата заснована на бруто плата, ова ќе помогне за фирми кои одреден период воопшто не исплаќале плата, па следствено на тоа ни придонеси – рече Груевски.
Според него ова е огромно, значително олеснување за приватниот сектор, за секое правно лице, за секој трговец, за секој индивидуален земјоделец, за секој мал голем или среден бизнис, за сите оние кои биле погодени од светската економска и европската должничка криза, и кој поради тоа западнале во неволја и неможеле да ги платат придонесите за себе и своите вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народна банка излезе со фрапанти бројки: Домаќинствата се потешко успеваат да ги платат кредитните рати!
-
Плаќање на рати без камати: Поволност за граѓаните што имаат заостанат или редовен долг за вода
-
„Форбс“: Ова се најплатените спортисти за 2016 година!
-
БЕГ воведе електронско плаќање на сметките за парно