| четврток, 6 декември 2018 |

Експресниот пат Охрид-Пештани ќе биде согласно сите еколошки стандарди

grujoСпоред премиерот Никола Груевски многу значајна инвестиција за овој регион е и изградбата на експресниот пат Охрид-Пештани, во должина од 14,5 км и инвестиција од околу 60 милиони евра. Интензивно се работи на овој проект, и со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договориле изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот.

Сакам да најавам дека со таа еколошка студија која ќе обезбеди еколошка оддржливост согласно сите процедури, веќе наесен очекуваме и распишување на постапка за избор на изведувач на градежни работи и ако се е во ред согласно планот до крајот на годината ќе започнеме и со изградба на оваа значајна патна делница која што ќе биде од корист за охриѓани но и за развој на турзимот во регионот – рече Груевски на нордниот собир во Охрид.

Тој се осврна и на сегментот на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води во регионот каде инвестирале повеќе од 2,5 милион евра.

Во Охрид санирани се каналите Билјанини извори и Св. Наум, во тек е изградба на водовод и фекална канализација за местото Лескоец, се изгради фекална канализација за населено место Подмоље, се изградија пумпни станици во Пештани и Елешец за системот за заштита на Охридско Езеро од отпадни и загадени води и отпочна постапката за изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води во Мешеишта во вредност на инвестицијата од околу половина милион евра – рече Груевски и додаде:

-Резултатите од нашата работа за подобрување на целокупната инфраструктура, тука во Охрид се видливи и преку реконструираниот и целосно модернизираниот аеродром Свети Апостол Павле со инвестирани 10 милиони евра, со реконструирани писти, со изградени нов ВИП објект, реновирани објекти во карго центарот, обновен паркинг, нова опрема и возила. Секој странец кога доаѓа во Охрид својот престој го започнува со позитивни импресии и прв позитивен впечаток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top