-Во делот на реконструирање и модернизација на регионалните и локалните патни правци изминативе неколку години во овој регион реализиравме повеќе од 40 проекти, за повеќе од 80 километри патни правци, за кои се инвестирани повеќе од 5,5 милиони евра, од кои само во Охрид се инвестирани околу 1,5 милиони евра за 19км локална и регионална патна мрежа. И ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на инфраструктурата – нагласи премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Тој најави дека веќе се работи на докомплетирање на проектна документација за изградба на автопатската делница Требениште – Струга во должина од 8,5км, по што во првата половина на 2016 година ќе започнат и со отпочнување на градежни активности во висина од околу 45 милиони евра.
–Во јуни/јули започнуваме со градежни работи за модернизација и рехабилитација и на влезот и излезот на Кичево, и транзитниот пат низ Кичево кој ќе биде унапреден, како и за рехабилитацијата на регионалниот пат Струга-Дрслајца-Биџова-Татеши, што ќе продолжи и во наредната година, за што ќе бидат инвестирани околу 600 илјади евра – најави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



