| четврток, 6 декември 2018 |

Уредување на 500 метра плажа кај Лагадин, 150 метри плажа во Дебарца

prikvecerie_ohrid

-За развој на туризмот создадовме можност за изградба на хотели на земјиште кое се продава по едно евро за метар квадратен, овозможивме поволни кредитни линии за туризмот, континуирано го рекламираме нашиот туристички потенцијал во странските медиуми, а со политиката на субвенционирање на тур оператори и нискобуџетни авионски линии, се вратија странските туристи во Охрид и Македонија на голема врата – посочи премиерот Никола Груевски на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Тој нагласи дека се работи на уредување на плажите, веќе се изготвени идејни решенија и во моментот се врши проектирање на истите.

Веќе е објавен повик за уредување на 500 метри плажа на Лагадин, во која ќе инвестираме 75 милиони денари и која треба да биде готова во наредните неколку месеци. Ќе се уредува и 150 метри плажа во Дебарца а рокот за изработка на документацијата е до крај на јули. Во Дебарца ќе се гради и патека покрај езерото а рокот за доставување на понуди за градба е во првата половина на мај – додаде тој.

Груевски се осврна и на субвнциите за тур-операторите:

Туризмот на годишно ниво со над 1 милион евра го помагаме и со субвенции за тур-операторите за привлекување на странски туристи кои важат за над 15 земји од светот. Тука секако е и проектот за финансиска поддршка на евтините авиолетови, со кој набрзо и Охрид ќе добие две евтини авио линии до европски метрополи. Линијата Охрид-Базел стартува летово, а во соработка со општината летово започнува и реализацијата на авио линијата Охрид -Лондон со која ќе пристигаат и многу англиски туристи. Изминативе осум години бројот на туристи е зголемен за повеќе од 40% а вкупното зголемување во туризмот (ноќевања и странски туристи) изнесува речиси 100 % (98%.).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top