| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една несреќа на македонските пруги

Меѓународниот воз што сообраќал на релација Скопје-Солун-Белград удрил во 62-годишно лице од Авганистан, кое се здобило со тешки телесни повреди и истото е префрлено во Ургентен центар.

Според информациите на МВР, несреќата се случила синоќа, околу 23.30 часот на пругата Скопје-Табановце, на влезот на железничката станица Илинден.

Со повредениот биле уште две лица кои се пренесени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Во последната трагична железничка несреќа што се случи завчера кај Велес загинаа 14 мигранти Авганистан и од Сомалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top