| четврток, 6 декември 2018 |

Велија бара ново судење

Поранешниот сопственик на некогашната телевизија А1, Велија Рамковски, преку неговите адвокати од Апелацискиот суд во Скопје, бара поништување на пресудата за случајот „Пајажина“, во која тој беше осуден на 13 години затвор.

Засега не е познато со кои докази и аргументи Рамковски ќе настапи пред апелациските судови.

Рамковски беше осуден лани во март, а во затвор беа пратени и неговата ќерка Емел Рамковска, неговиот брат Амди, и синот Хеди, но последниот успеа да избега.

Обвинети беа 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување данок, перење пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението затаен бил данок од околу пет милиони евра. Обвинетите во „Пајажина“ беа уапсени на крајот на декември 2010 година. Подоцна на дел од обвинетите им беше заменет затворскиот со домашен притвор. За дел од притворените, обвинението беше сменето во постапката, односно беа повлечени обвиненијата во делот перење пари за некогашните директори на А1 телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top