| четврток, 6 декември 2018 |

Србија почнува со преговори со ЕУ на есен

Берлин конечно би можел да го одблокира европскиот пат на Србија и да одобри отворање на првите поглавија во преговорите со Европската унија на есен, најверојатно во септември, објави „Вечерње новости“.

Српскиот весник посочува дека тоа ќе биде клучната порака со која шефот на германскта дипломатија Франк Валтер Штајнмајер ќе пристигне во Белград на 28 април.

– Штајмајер во Белград ќе пренесе дека Германија позитивно ќе гласа за старт на преговорите, но јуни е преоптимистичен рок, бидејќи има останато уште неколку работи кои треба да се завршат. Берлин очекува Европската комисија конечно да ги одобри акционите планови на Србија за поглавијата 23 и 24 за правосудство, владеење на правото и безбедноста, чија трета версија е испратена во Брисел и на есен би требало да почнат преговорите, посочува „Вечерње новости“.

Белградскиот весник наведува и дека Штајмајер ќе побара од српските власти до крај да се истражат палењето на Амбасадата во Германија во Белград во 2008 година и да се најдат виновниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top