| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантите седнале да јадат и да одморат на пругата

Fourteen illegal immigrants dead in train accident between Skopje and Veles

Импровизираното одморалиште на неколку метри од пругата кај Пчиња било кобно за 14 мигранти од Сомалија и Авганистан кои завчера беа покосени од патничкиот воз што налетал на групата од 50 илегалци кои на ова место застанале да јадат и да одморат. Делови од човечки тела, парчиња од облека, патики и храна и вчера беа расфрлани на пругата Велес- Скопје, на два километра од станицата „Рајко Жинзифов“ во правец на стојалиштето Пчиња, пишува „Дневник“.

На неколку метри од шините и трагите од трагедијата, на чистинка меѓу дрвјата на почетокот од шумата над пругата има пеплиште од огнови, едното постаро, другото со релативно свежа пепел. Меѓу изгорените дрва и пепел има и исцрнети конзерви од храна, а од другата страна кон пругата има еден чифт фармерки и тексас јакна. Очигледно дека тука се одморале мигрантите на патот кон Скопје, иако чистинката е мала и на неа може да легнат само неколкумина.

GEO01_resize

 

Поголема група Сомалијци и Авганистанци завчера вечерта одлучиле на ова место да здивнат од долгиот пат од Гевгелија до Скопје. Под чистинката имаше расфрлано урми, дел згазени, другите полни и сочни, како што туку да биле извадени од кутијата од стиропор која искината лежи неколку метри подолу. Звукот од сирената на возот кој доаѓал од зад грб ги прекинал во јадењето илегалците, кои најголем дел седеле на шините од внатрешната страна на пругата. Дел стоеле, а дел веќе тргнале кон Скопје.

Тие што биле најблиску до експресниот воз не успеале да ја избегнат тешката локомотива, а другите се спасиле од возот скокајќи од левата и десната страна на пругата. Иако сопирал, возот носел сѐ пред себе уште стотина метри. Телата на прегазените мигранти биле расфрлани од двете страни на шините во должина од 100 до 150 метри од местото на ударот. Само блиските на загинатите останале на местото кое што било премногу темно за да ја видат вистинската слика на трагедијата, а останатите веднаш избегале за да немаат работа со полицијата.

Fourteen illegal immigrants dead in train accident between Skopje and Veles

 

Групата мигранти која завчера настрада избрала лошо место за починка бидејќи доаѓа на релативно прав правец без свиоци, а возот им дошол од зад грб. Машиновозачот ја употребил сирената откако ги забележал мигрантите на околу сто метри пред возот, а и светлата од локомотивата биле зад нив, па не ги забележале. Така ниту илегалците ниту, пак, машиновозачот имале доволно време да ја избегнат трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top