| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ги осуди изјавите на руските политичари и Путин за геноцидот врз Ерменците

Image
Турското министерство за надворешни работи преку соопштениеги осуди изјавите на руските политичари, вклучително и на претседателот Владимир Путин во Еревен на комеморативната церемонија по повод стогодишнината од масакрот врз Ерменците каде што изјави дека „нема оправдувањето за масовните убиства“ во 1915 година во Отоманската империја.

„Имајќи ги предвид масовните убиства, протерувањата.. коишто Русија ги спровела на Кавказ, централна Азија и во источна Европа низ минатиот век… сметаме дека таа најдобро би требало да знае што е тоа геноцид и кои се неговите вистински димензии
“, се вели во соопштението на турската дипломатија.

Непосредно претходно во поздравната телеграма до учесниците на свечената вечера под наслов „свет без геноцид“, рускиот претседател Владимир Путин го нарече 24-ти април 1915 година „тажен датум поврзан со еден од најстрашните и најдраматичните датуми во историјата на човештвото – геноцидот над ерменскиот народ“. Државна Дума на Руската Федерација претходно во петокот објави соопштенија во коешто изрази „длабоко сочувство со братска Ерменија во врска со стогодишнината од геноцидот над Ерменците, а исто така и на другите народи, коишто настрадаа во времето на трагичните настани во текот на Првата светска војна“.

„Ја осудуваме и отфрламе квалификацијата на рускиот претседател за настаните од 1915-та како геноцид, и покрај нашите апели за воздржување од тоа. Таквите политички изјави немаат правна сила. Думата, којашто од 1995 година на секи 10 години дава политички изјави со поддршка на ерменските тврдења, не ја промени традицијата и издаде нова изјава, којашто ние исто така ја осудувам“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Турција.

Турција притоа ја повикува Русија да влијае врз Ерменија со цела таа „да покаже позитивен одговор на повиците на Анкара за мир и пријателство“, се додава во соопштението.

По турската реакција, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека посетата на Путин на Ереван на настаните во сеќавање на годишнината од ерменскиот геноцид, не може да влијае врз односите меѓу Москва и Анкара, особено во смисла на изградбата на гасоводот „Турски тек“. Според Песков, Русија и Турција имаат блиски партнерски односи коишто имаат многу силна основа во заемно корисната економска соработка.

Ерменија во петокот, со присуство на францускиот и на рускиот претседател, Франсоа Оланд и Владимир Путин, чиишто две земји споменатите настани ги оценуваат како геноцид, ја одбележа стотата годишнината од масакрот врз нивните предци во нивната прататковина сега во рамките на Турција Додека Анкара одбива да признае дека станува збор за геноцид врз 1,5 милиони Ерменци во Отоманското царство, туку за далеку помал број жртви во воениот виор на Првата светска војна

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top