| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Подеднакво се инвестира во сите региони во Македонија за подобрување на целокупната инфраструктура

Spiro-Ristovski-int120-2

– Подеднакво се инвестира во сите региони во Македонија за подобрување на целокупната инфраструктура. Само во североисточниот регион се инвестирани повеќе од 180 милиони денари во делот на подобрување на целокупната образовна инфраструктура. Во делот на изградбата на спортските сали, ќе продолжиме. Во добра комуникација сме со градоначалникот околу дефинирање на локација за изградба на спортска сала во Крива Паланка – изјави СпироРистовски, заменик-министер за образование на денешнаа трибина одржана во Крива Паланка.

Тој додаде дека само во овој град реконструирани се три училишни објекти и ученичкиот дом и дека поради ваквите проекти граѓаните им ја даваат довербата. Заменик министерот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во чиј фокус, како што рече, е Македонија и македонскиот народ.

-Од друга страна сведоци сме на една антидржавничка политика на СДСМ. Ваквата сосотојба тие не очекуват да ја прифати македонскиот народ на ваков начин. Многу погрешија со тоа што ве потценија вас, граѓаните на Република Македонија, сметајќи дека со објавување на креирани, сечени материјали добиени од страна на странски агентурни мрежи, единствено ќе придонесат за свое побрзо доаѓање на власт, посочи Ристовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top