Руската православна црква е главниот опструктор на непризнавањето на црквите во светот . МПЦ не треба да се надева дека решавањето на црковниот статус ќе го помогне руската црква, вели верскиот аналитичар од Белград, Живица Туциќ, во интервју за порталот Пресс 24. Тој нема дилеми дека Македонија треба да има автокефална црква, но патот до таа цел е тежок.
-Македонците секако дека заслужуваат автокефалност. Стариот принцип на православието е: еден народ, јазик, една држава и волја на верниците, доволно е по канонскиот принцип да се прогласи самостојност. До тоа ќе се стаса. Освен Грција, сметам дека и Русите имаат резерва кон автокефалијата, бидејќи во спротивно никој не би можел да ја оспори и автокефалноста на Украина, а потоа и Молдавија и Белорусија. Од тука, руското “посредување”, неможе да ви помогне, вели Туциќ
Ако Македонија пред 10 години го прифатеше Нишкиот договор, досега ќе беше самостојна, смета Туциќ. Тој верува дека црковното прашање не само што е црковен проблем, туку и политички.
–Тоа е и политичко и црковно. Политичко е во таа мера затоа што на Балканот се е политизирано, така и името на Вашата Република. Ставот на Грција, а исто така и на грчката црква е познат. И кај Вас мора да се покаже поголема широчина и далековидост, мора да излезете од блокадите, премногу проблеми Ве погаѓаат, нешто што мене навистина ме боли. И на вас ви е тешко да се снајдете, заморени сте, можеби и обесхрабрени од се. Заслужувате далеку поголема велекидушност. Јас да сум Македонец, на пример не би ми пречело името, “Северна Македонија” Инсистирајте МПЦ да го носи тоа име.
Во интервјуто за Прес 24 Туциќ потенцира дека статусот на МПЦ ги оптеретува односите Скопје – Белград, а СПЦ го условува дијалогот со Вранишковски.
–Тоа што Врнишковски не е по прв пат во затвор, за православите цркви, како Белград, така и Цариград и Москва е неприфатливо. Тоа не и оди во корист на Македонија. Ако тој би бил слободен, СПЦ не ми божела да каже дека има други причини за непродолжување на дијалогот, вели Живица Туциќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст