| четврток, 6 декември 2018 |

Тесла продолжува да фасцинира

Ли­де­рот на свет­ски­от па­зар за еле­ктрич­ни авто­мо­би­ли, аме­ри­кан­ска­та ком­па­ни­ја „Тес­ла мо­торс“, про­дол­жу­ва да ги фас­ци­ни­ра љу­би­те­ли­те на ва­ков вид авто­мо­бил. Но­ви­от мо­дел, кој го прет­ста­ви на ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от Са­е­м за авто­мо­би­ли во Њу­јорк, прет­ста­ву­ва ви­стин­ски бум. Прв­пат е про­из­ве­ден се­ри­ски авто­мо­бил со два еле­ктро­мо­то­ра кои си­ла­та ја пре­не­су­ва­ат на две­те оски. Но­ви­от „мо­дел С 70Д“ ќе го за­ме­ни до­се­гаш­ни­от ве­ќе до­ка­жан С 60, кој има по­гон са­мо на зад­ни­те тр­ка­ла и чи­ја­што про­даж­на це­на из­не­су­ва­ше 71.000 до­ла­ри. Це­на­та на „мо­дел С 70Д“ по­рас­на на 75.000 до­ла­ри, што и не е го­ле­ма раз­ли­ка ако се зе­ме пред­вид де­ка си­ла­та се пре­не­су­ва на две­те оски и има два еле­ктро­мо­то­ра кои во ком­би­на­ци­ја ис­по­ра­чу­ва­ат не­ве­ро­јат­ни 520 коњ­ски си­ли.

Tesla-Motors-S-70D-002

Мо­де­лот во за­ми­ну­ва­ње С 60 го прид­ви­жу­ва­ше са­мо еден еле­ктро­мо­тор со 384 коњ­ски си­ли.

По­крај зго­ле­ме­на­та си­ла, „мо­дел С 70Д“ го ка­ра­кте­ри­зи­ра и зна­чи­тел­но по­до­бре­на авто­но­ми­ја ме­ѓу две пол­не­ња на ба­те­ри­ја­та, чиј­што ка­па­ци­тет се­га из­не­су­ва 70 ки­ло­ват-ча­со­ви.

Авто­мо­би­лот со ед­но пол­не­ње на ба­те­ри­ја­та се­га мо­же да по­ми­не 386 ки­ло­ме­три со си­те за­па­ле­ни вна­треш­ни уре­ди, до­де­ка по­ста­ри­от мо­дел С 60, кој има ба­те­ри­ја од 60 ки­ло­ват-ча­со­ви, мо­же да по­ми­не ма­кси­мал­ни 335 ки­ло­ме­три.

Tesla-Motors-S-70D-003

Со зго­ле­ме­на­та си­ла овој авто­мо­бил има и по­до­бри пер­фор­ман­си. „Мо­дел С 70 Д“ од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час за­бр­зу­ва за 5,2 се­кун­ди, а ма­кси­мал­на­та бр­зи­на из­не­су­ва 225 ки­ло­ме­три на час. Мо­де­лот С 60 до 100 ки­ло­ме­три на час за­бр­зу­ва за 5,9 се­кун­ди, а не­го­ва­та ма­кси­мал­на бр­зи­на из­не­су­ва 190 ки­ло­ме­три на час.

Ба­те­ри­ја­та мо­же да се пол­ни и на 110-волт­на мре­жа и пре­ку 240-волт­на мре­жа за да се за­до­во­лат по­тре­би­те на си­те ку­пу­ва­чи низ све­тот. За ед­но пол­не­ње на оваа ба­те­ри­ја се по­треб­ни по­ве­ќе од 30 ми­ну­ти, што е да­ле­ку по­бр­зо во од­нос на кон­ку­рен­ци­ја­та, на ко­ја ѝ е по­треб­но ду­ри че­ти­ри па­ти по­ве­ќе вре­ме.

Tesla-Motors-S-70D-007

Вна­треш­но­ста на но­ви­от авто­мо­бил е ре­чи­си иден­тич­на со ста­ри­от, ги има за­др­жа­но си­те еле­ктрич­ни уре­ди. Пре­ку огром­ни­от 17-ин­чен екран во бо­ја осет­лив на до­пир се кон­тро­ли­ра­ат си­те ко­ман­ди, а во се­ри­ска­та опре­ма се до­би­ва на­ви­га­ци­ја со бесп­лат­ни ажу­ри­ра­ња на ма­пи­те за се­дум го­ди­ни.

„Тес­ла мо­торс“ ве­ќе при­ма на­рач­ки за „мо­дел С 70Д“, кој се ну­ди со три но­ви бои на ка­ро­се­ри­ја­та – оке­ан си­на, оп­си­ди­јан цр­на и топ­ла сре­бре­на. Пр­ви­те ис­по­ра­ки се оче­ку­ва­ат за еден ме­сец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top