| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарки ограбиле скопјанки

police12

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде С.П.Е.(47) и Х.Р.Г. (39), државјанки на Р.Бугарија поради основано сомнение дека извршиле кривично дело – “џебна кражба“ предвидено и казниво по член 235 став 1 од КЗ на РМ.

Имено, минатата недела, поточно на 18 овој месец, околу 15,20 часот двете пријавени отишле во бутикот за гардероба “Пренди“ лоциран на бул. “Кочо Рацин“ бб, Скопје, каде ја забележале М.И. (21) која била заедно со нејзината мајка В.П. (51) како разгледувале по изложените предмети и притоа истите и пришле на оштетената М.И. и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, “Виза“ и трансакциона картица од Комерцијална Банка, 5.000 денари и други лични предмети. Така се стекнале со противправна имотна корист од 6.000 денари, по што веднаш го напуштиле бутикот.

По дознавање за настанот, од страна на Отсекот за џебни кражби преземени се мерки и активности при што пронајдени и приведени се во просториите на ПС ОН Центар С.П.Е.и Х.Р.Г. каде со нив бил извршен разговор за извршеното кривично дело и истите го искористиле правото да се бранат со молчење. Оштетената со нејзината мајка во својство на сведоци извршиле препознавање над двете приведени при што истите со сигурност ја препознале С.П.Е. како извршител  на кражбата. Од страна на сопственикот на бутикот доставено е ЦД со видео запис од видео надзорот во бутикот од кој се изготвени фотографии на кои се гледа како пријавените ја  вршат кражбата над оштетената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top