| четврток, 6 декември 2018 |

Лица поврзани со Ал Каеда планирале напад врз Ватикан

ватикан

Лицата осомничени за тероризам за кои, како што денеска беше јавено, е почната истрага во Италија можеби планирале напади врз Ватикан, изјави еден од обвинителите кои ја водат истрагата.

Според обвинителот во Каљари Мауро Мура, освен напади во Пакистан и во Авганистан, тие планирале и напад врз Ватикан.

Италијанската полиција денеска соопшти дека во цела Италија е извршена операција против 18 лица, осомничени за врски со Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top