| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид прв на листата на УЕФА, Работнички најдобар од македонските клубови

Реал Мадрид е лидер на ранг-листата на УЕФА на најдобри клубови пред лутиот ривал Барселона, екипа што е број 1 оваа сезона. Од македонските клубови на вечната листа најдобро котира актуелниот првак Работнички, кој е на 281. позиција.

Реал, кој ја брани титулата во ЛШ, има 167.228 поени, пред Барса со 156.228 поени. На третата позиција е Баерн Минхен, а во топ 10 има место  и за Челси, Атлетико Мадрид, Бенфика, Шалке 04, Порто, Арсенал и за Манчестер јунајтед.

Работнички е лидер во конкуренција на македонските екипи со 4.675 поени и се наоѓа на 281. скалило на УЕФА, пред Металург (315.), Вардар (340.), Ренова (353.), Шкендија (363.), Тетекс (380.) и Турново (402.).

FC Barcelona vs Real Madrid

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top