Комеморацијата во Ереван, со која ќе биде одбележана стогодишнината од масовното убиство на Ерменците за време на Отоманската Империја, ќе почне денеска со марш на илјадници лица, кон спомен-обележјата на градот.
Истовремено Турција денеска ќе одбележи сто години од големата битка на Галиполе, која траеше цели девет месеци.
Ерменската црква вчера канонизираше 1,5 милион убиени во масакрите и депортациите за време на Првата светска војна.
Турција се противи на користење на терминот геноцид за да се опише тоа убивање, бидејќи имало многу мртви на двете страни, што ги влоши односите меѓу Турција и Ерменија. Турција тврди дека се убиени многу помалку од 1,5 милион Ерменци.
Помен ќе биде одржан денеска и во Турција, а премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја ја споделува болката на Ерменија, но повтори дека не станува збор за геноцид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст