| четврток, 6 декември 2018 |

Десет предупредувања на Ноам Чомски за техниките за манипулирање со јавноста

noam chomsky

Предупредувања на Ноам Чомски се однесуваат на техниките за манипулирање со јавноста кои се сè поизразени и покористени:

 

УПОТРЕБА НА НЕВАЖНОТО

Вниманието на јавноста се пренасочува од важни проблеми кон неважни. Да се преоптовари јавноста со поплава од неважни информации, за луѓето да не размислуваат и да здобијат сознанија за да го разберат светот.

 

СОЗДАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Тој метод се нарекува и „проблем – реагирање – решение“. Треба да се создаде проблем за дел од јавноста да реагира на него. На пример: да се предизвика и да се пренесе насилство со намера, за јавноста полесно да прифати ограничување на слободата, економска криза или да се оправда уривањето на социјалната држава.

 

ЛОШОТО НА ЛАЖИЧКА

За јавноста да прифати некоја неприфатлива мерка, се воведува постепено, на „лажичка“, со месеци и години. Промените кои би можеле да предизвикаат отпор, ако бидат изведени нагло во краток временски рок ќе, се спроведуваат со политика на мали чекори. Светот така се менува со време, а за тоа да не ја разбуди свеста за промената. Освен тоа и заедничката надеж за подобра иднина го олеснува прифаќањето.

 

ДЕТСКИ ЈАЗИК ЗА ВОЗРАСНИ

Кога на возрасни им се обраќате со детски јазик, постигнувате две корисни работи: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има силно дејство на луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мерка се користи при рекламирање.

 

КРАТОК СПОЈ НА ЕМОЦИИ

Злоупотребата на емоции е класична техника која се користи за предизвикување краток спој за време на разумно расудување. Критичката свест ја заменуваат емотивни импулси (бес, страв…) Употребата на емотивниот регистер овозможува пристап на несвесното, па подоцна е можно на тоа ниво да се спроведат идеи, желби, грижи, стравови или принуда, или пак да предизвикаат одредено однесување.

 

НЕЗНАЕЊЕ ЗА СИРОМАСИ

На сиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристап до механизмот на разбирање со  манипулација  со која тие ќе го прифатат тоа. Квалитетот на образование на ниските општествени слоеви треба да биде што е можно послаб или под просекот, за јазот меѓу образованоста на повисоките и пониските слоеви да остане непремостив.

 

ВЕЛИЧЕЊЕ НА ГЛУПОСТА

Јавноста треба да се поттикнува во прифаќањето на просечноста. Потребно е да се убедат луѓето дека е во мода да си глупав, вулгарен и неук. Истовремено треба да предизвикуваш отпор кон културата и науката.

 

ВСАДУВАЊЕ НА ВИНА

Треба да се убедува секој поединец дека само и исклучиво тој е одговорен за сопствената несреќа, поради оскудното знаење, ограничените способности или недоволниот труд. Така несигурен и потценет поединецот, оптоварен со чувство на вина, ќе се откаже од барање вистински причини за сопствената положба и за побуна против економскиот систем.

 

ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗНАЕЊЕТО

Брзиот развој на науката во последните 50 години создаде зголемен јаз меѓу знаењето на јавноста и оние кои го поседуваат и користат, владејачките елити. Системот, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија имаат пристап до напредно знаење за човекот и на физички и на психички план.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top