| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Од снимките на СДСМ дознавме дека тие краделе гласови

latasОд разговорите што ги објавува СДСМ можевме да видиме дека СДСМ крадел гласови и СДСМ местел избори, изјави новинарот Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Јади бурек“.

Според него, од сите снимки на „бомбите“ никаде не се видело дека власта краде гласови на избори.

– ВМРО-ДПМНЕ има 500.000 гласачи. Од нецелосните снимки никаде не се кажува дека тие краделе гласови. Напротив, се кажува дека Заев крадел гласови во Струмица со силеџиите пуштени од притвор, дека СДСМ купувал гласови во Куманово, дека СДСМ купувал гласови во Охрид. Тоа го има во разговорите. Истите разговори за кои ги обвинуваат другите – рече Латас.

Тој истакна дека ако се докаже дека некаде некој направил криминал, тој треба да си одговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top