Ако вие го сметате „Курир“ за медиум, тогаш во ред. Да имаме правна држава, вработените во „Курир“ и во „Сител“ треба да завршат во затвор – вели Стојанче Ангелов во изјава за „Топ тема“ на ТВ „Телма“.
Лидерот на Достоинство продолжува со заканите и притисоците врз медиумите и новинарите. Тој организира секојдневни обиди за упад во МРТВ и притисокот врз уредниците и новинарите во овој медиум. Вербално го нападна уредникот на „Нетпрес“, Дејан Николовски, додека тој со пријатели седеше во кафеана.
Стана практика опозицијата и нејзините поддржувачи да вршат притисок врз медиумите, да се закануваат, да повикуваат на линч. Се удираше на излогот на „Радио Слободна Македонија“ додека новинарска екипа седеше во студиото и водеше емисија. Се вршеше притиоск врз Горан Петрески, стигнуваат разноразни закани, но кога станува збор за медиуми кои не се контролирани од СДСМ или не се финансирани од Сорос, реакции од ЗНМ нема, колегите не излегуваат на улица за да искажат поддршка. Кога се работи за некаков притисок врз новинари кои ја поддржуваат опозицијата, неминовни се уличните собири и создавањето искривена слика дека власта ги малтретира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст