| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Тие што верификуваа резултати 500:0 на една кутија кажуваат што биле фер и демократски избори

vlatko gorcev

Претседателот на Владата, Никола Груевски, сите изминати години, со својата политика, со своите чекори, со својата одговорност беше со гостиварчани, а сега, кога најмногу го напаѓаат, сега кога најмногу го клеветат, гостиварчани се со Груевски, како и цела Република Македонија, посочи пратеникот Влатко Ѓорчев пред полната сала на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.

– Јас се сеќавам, а и вие се сеќавате, во таа 2004 година се одржуваа претседателски избори, за кои имаше втор круг. Резултатите во вториот круг на поширокиот регион на Гостивар беа 500:0, 700:0, 400:0, 450:0 на една кутија… и сега тие што верификуваа резултати 500:0 на една кутија ќе ни кажуваат што биле фер и демократски избори – запраша Ѓорчев.

Таа недела, потсети тој, во Тетово доаѓале набљудувачите од ВМРО-ДПМНЕ, сведочеле како ги бркале од избирачки места, им репетирале пиштоли, им се заканувале со автомати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top