| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен пластичен експлозив кај еден од уапсените во Куманово

полицијаПластичен експлозив е пронајден кај еден од приведените во големата акција на полицијата што се случила вчера околу 16 часот во Куманово во која беа уапсени три лица.

Според неофицијалните информации еден од уапсените бил ветеран на ОВК, односно на ОВПМБ. Станувало збор за тројца браќа од кои едниот е полициски инспектор.

Од МВР потврдуваат дека имало акција, но не откриваат повеќе детали.

Во тек е истрага под сомнение за кривично дело недозволено поседување распрскувачки материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top