Министерот Никола Попоски учествуваше на министерската средба „Брдо Процес” во Крањ, Република Словенија, каде домаќини беа шефовите на словенечката и на француската дипломатија Карл Ерјавец и Лоран Фабиус. Присуствувал и Еврокомесарот Јоханес Хан, па се разговарало и за приближувањета на земјите од регионот со земјите на ЕУ, во насока на конкретизирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и поврзувањето со Европската унија, на сите нивоа.
Тема на средбата биле акутелните безбедносни прашања за политичката стабилност во Европа. Министрите размениле информации за борбата против тероризмот, вклучувајќи ја и насилнaта радикализација и регрутирањето на странски борци, за што била нагласена неопходноста од заеднички пристап и решение за сузбивање на тероризмот и превенирање на религиска радикализација.
Актуелниот „статус кво“ во евроинтеграциите само ги поттикнува екстремистите.
-Тој интерес во моментов оди на линијата дека недостатокот на кредибилна европска перспектива охрабрува разни групи и поединци со екстремистички агенди да создаваат проблеми. Мислам дека пораката е многу јасна и од наша и од нивна страна дека е потребно да се засили вниманието на европските интеграции за да се намали просторот за вакви делувања во регионот- посочува министерот Попоски
Посебно внимание било посветено на прашањето на безбедноста и политичката стабилност на Европското соседството, особено за ситуацијата во Украина и ситуацијата во јужното Средоземје.
– Ако погледнеме како изгледало минатото на регионот или како е денес во соседството на Европа, станува јасно зошто ЕУ и Балканските земји имаат заеднички интерес за интегрирање, пред да биде доцна” – истакна министерот Попоски денеска во Блед.
На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од државите на Европската Унија и министрите од државите од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.
На маргините на министерскиот состанок МНР Попоски оствари одвоени средби со своите колеги меѓу кои и домаќините Ерјавец и Фабиус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)