| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран персоналот од аеродромот „Александар Велики“

Според првичните информации силни полициски екипи го опколиле аеродромот и вработените во дуќаните и патниците ги извадиле надвор од аеродромската зграда. Вработени од аеродромот за „Нова Македонија“ велат дека се се случило за неколку минути и сега сите се надвор на главниот паркинг. Никој не дал појаснување што се случува.
Пред зградата е и аеродромскиот персонал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top