Министерот за рударство на Србија, Милан Бачевиќ, во Врање изјави дека проектот “Канал Дунав-Морава-Вардар” заедно со проектот за изградба на гасоводот “Јужен тек” е од големо значење за Врање, пишува српската новиска агенција Бета.
“Уште еден голем проект е пловниот канал Дунав-Морава-Вардар на кој Врање ќе има посебна позиција. Врање треба да биде големо пристаниште пред влезот во Македонија”, рече Бачевиќ.
Инаку според најавата на српскиот министер, во понеделник на 25 март во Белград ќе биде потпишан договор со делегација на кинеската компанија “Чајна Гезоба груп” на основа на кој на Кинезите, Србија ќе им достави документи за пловниот пат “Канал Морава”.
“Во понеделник 25 март во Белград ќе биде потпишан договор за размена на расположива документација, на основа на кој сета документација со која располагаме за изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе ја ставиме на располагање на кинеската компанија”, рече Бачевиќ.
При посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ на Скопје, на крајот на јануари оваа година, македонскиот премиерот Никола Груевски на прес конференцијата по средбата ја истакна поддршката на македонската Влада за идејата за разработка и анализа на проектот инициран од страна на Србија и дека проектот содржи голем економски потенцијал, но оти најпрво треба да се утврди неговата исплатливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст