| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена бомба врз куќата на Веселин Јевросимовиќ во Белград

Експлозивна направа е фрлена врз домот на Веселин Јевросимовиќ, претседател на “Комтрејд груп“, сопственик и на македонската телевизија “Алфа ТВ“.
Според информациите на белградскиот весник “Блиц“ бомбата е фрлена околу пет часот денеска утро во дворот од куќата на Ужичка улица во Белград.
Експлозијата оштетиле дел од фасадата и прозорците во куќата, но за среќа никој не е повреден. Во моментот на експлозијата во домот на Јевросимовиќ биле неговата сопруга и детето.
“Во домот во тоа време беше мојата дванаесетгодишна ќерка, но на сета среќа никој не е повреден. Никој никогаш не ми се заканувал и не знам што би можело да биде мотив за овој напад. Ние не сме фирма која се занимава со криминална работа ниту имаме било каква врска со криминал. Ова според мене е удар на слободните медиуми, но тоа нема да ме обесхрабри“, изјавил Јевросимовиќ за Ало.рс.
Јевросимовиќ лани ја презеде скопската телевизија купувајќи 56 отсто од акции од дотогашниот мнозински сопственик “Фершпед“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top