На покана на Кинотеката на Полска, музичарите Бојан и Благој Маротови на 25 април ќе настапат во Варшава за време на премиерната проекција на филмот за браќата Манаки.
Маротови ќе ја изведат во живо музиката од дивидито за филмот, која е нивно авторско дело.
– Се надеваме дека музиката ќе ѝ се допадне на полската публика и дека ќе ја претставиме во најдобро светло нашата држава – велат Маротови.
Маротови ја напишаа и снимија музиката по нарачка на Кинотеката на Македонија, која го дигитализираше и реставририраше целокупниот опус на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, основоположници на македонската филмска историја.
Дигиталната реставрација на филмското наследство на браќата Манаки во текот на 2012 и 2013 година Кинотеката го направи во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта, а дивидито го промовираше на 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.