| четврток, 6 декември 2018 |

Чевли со потпис на Кристина Арнаудова

Kristina arnaudova cevli (7) (Custom)

Вчеравечер Кристина Арнаудова ја промовираше својата прва линија чевли за македонскиот пазар. Ова е прв обид на македонската пејачка како дизајнер на чевли, а идејата ѝ дошла од нејзината голема пребирливост кога станува збор за обувки. Токму таа потрага по совршени чевли за неа ја поттикнала да создаде нешто свое.

11170367_1643142289238140_7165333548877946278_n

Чевли купувам секогаш, па дури и кога знам дека веќе немам каде да ги ставам. Сепак, кога влегувам во некоја продавница, прво одам кај чевлите. Веројатно ми се фетиш, а имам многу чевли што сум ги облекла само еднаш – вели Арнаудова.

11178349_1643142139238155_2140782575717121448_n

Колекцијата на чевли е за сезоната пролет/лето 2015 и е во соработка со фабриката за рачна изработка на чевли „Шевро“ од Куманово. Чевлите ќе може да се видат во продавницата за женска облека „P.S Fashion“ во „Ситимол“, од каде што потоа ќе се прати нарачка до фабриката.

Kristina arnaudova cevli (5) (Custom)

Меѓу присутните на синоќешната промоција, кои ѝ ја дадоа својата поддршка, можеа да се видат Александар Билјановски-Дадар, Цаци Паковска, Верица Пандиловска, Лејла Сабит, многубројни новинари и пријатели, кои беа импресионирани од чевлите.

Kristina arnaudova cevli (3) (Custom)

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top