Земјите-членки на ЕУ на денешниот вонреден самит во Брисел, посветен на големиот наплив од илегални мигранти од Африка и од Блискиот Исток, начелно, се согласиле да се вратат назад 150 илјади емигранти и бегалци, кои преку Либија се префрлаат до европското копно, пишува „Гардијан“.
Овој лондонски весник тврди дека ЕУ ќе им понуди престој, само на пет илјади од овие емиграни, за кои се вели дека имале среќа да го преживеат опасното патување преку Медитеранот, во неприспособените и претворени бродови и големи чамци, што го организираат либиските шверцери на луѓе.
Во минатата година, околу 150 илјади емигранти користејќи ја медитеранската траса се дојдени до италијснакиот брег, а во првите три месеци оваа година, повеќе од 36 илјади илегалци се префрлени до бреговите на Италија, Малта и на Грција.
Повикувајќи се на „доверливиот нацрт-заклучок“ од денешниот самит во Брисел „Гардијан“ пишува дека овие 150 илјади илегалци ќе бидат вратени назад, врз основа на европските прописи за нерегулано и илегално влегување на територијата на ЕУ, што е формална квалификација која ја користи европската Агенција за границите (ФРОНТЕКС).
Европските лидери се очекува да се согласат и за потребата од ограничена воена интервенција, врз шверцерите на луѓе на либискиот брег, со бомбардирање и унишување на нивните бродови и чамци, за да се спречи илегалниот транспорт преку Медитеранот, во кој само оваа година загинаа неколку илјади лица, од превртување и потонување на претворанеите пловни објекти.
Земјите од ЕУ планираат да преземат одлучни мерки за ставање ред во Либија, која по насилното соборување на Моамер Гадафи сѐ уште нема стабилна влада и власт врз целата територија на земјјата. Либија сѐ уште нема вистински Парламент, а наместо една, има две влади – во Триполи и во Тобрук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)